Реклама

Комисијата за заразни болести не одобрува организирање на свадби и други прослави

Svadba

Комисијата за заразни болести смета дека е премногу рано за организирање на свадби. На состанок помеѓу угостителите и комисијата, угостителите доставиле правилници за тоа како треба да се оргнизира една прослава, од комисијата велат дека сеуште постои ризик од ширење на вирусот.

Кога ќе се стабилизира епидемиолошката состојба и ќе се намали бројот на заболени ќе се дозволат свадби и други свечености и ќе се организираат согласно строго пропишани протоколи, соопштија од комисијата за заразни болести.

За угостителите ваквата одлука е скандалозна со оглед на тоа што се дозволија концерти, обуки во затворен простор, јавен превоз и други работи кои се далеку понебезбедни од организирање на прослави според протколи.

МОжеби ќе ве интересира:

Реклами