Реклама

Велешкиот суд му одреди притвор на Панчевски

vladimir pancevski

Велешкиот суд денеска му одреди 30 дневен притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Оваа информација прва ја објави Коалицијата Сите за правично судење. Притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

Панчевски не се појави ниту на денешното рочиште, а не беше присутен ниту неговиот бранител, па затоа судијката Валентина Ѓорѓиевска му одреди притвор. Следното рочиште го закажа за 24 јули.

Претходно, Панчевски не доаѓаше на неколку рочишта и кај судијката Габриела Гајдова која го судеше истиот предмет и која беше изземена од претседателката на судот, откако скопска апелација го врати по жалбата на Панчевски.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почна наесен, но досега овој судски процес сè уште не е започнат со главна расправа.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами