Реклама

Повторно високи бројки на заразени, во Велес нема нови случаи

Germany corona

Повторно високи бројки на заразени од коронавирусот во земјава. Регистрирани се 199 нови случаи на ковид 19. Најмногу во Скопје 90, а со двоцифрена бројк на заразени се и Свети Николе 24, Куманово 17, Тетово и Струга по 12.

-Скопје 90
-Куманово 17
-Дебар 6
-Штип 9
-Прилеп 3
-Тетово 12
-Струга 12
-Битола 2
-Охрид 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 5
-Струмица 2
-Радовиш 1
-Крушево 1
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 24
-Кичево 3
-Ресен 2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица, но има и осум починати лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами