Косово воведе задолжителен корона тест за македонските граѓани

Kosovo police
Kosovo police

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Тестот е со цел да се докаже дела лицето што влегува во Косово не е заболено од Ковид-19, а тој не смее да биде постар од 72 часа.

Agria

Доколку граѓаните од овие три земји слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, тие не треба да приложат негативен тест, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово.

Од оваа обврска се ослободени превозниците што влегуваат во Косово и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на трите земји, кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: