понеделник, 23 ноември, 2020
Реклама

Откриени шест типа на коронавирус

Covid Macedonia

Револуционерно откритие кое, според мислењето на научниците, многу ќе помогне за да се спасат животите на заболените од Ковид-19. Научниците идентификувале шест различни типови Ковид-19,  до заклучок дошле со анализа на симптомите на голем број  пациенти.

Ова откритие, велат тие, би можело да помогне во спречувањето на ширење на инфекцијата, како и да укаже на лекарите кои пациенти се под најголем ризик. Се смета дека различните форми на болеста ја одредуваат нејзината сериозност, па затоа може да се „претпостави“ кому ќе му треба респиратор, велат научниците.

Авторите на студијата, предводени од истражувачи од Кралскиот колеџ во во Лондон, велат дека информациите ќе бидат од голема помош во лекувањето на пациенти заболени од Ковид за време на потенцијалниот втор бран на коронавирус и може да спасат многу животи.

Иако постојаната кашлица, треската и губењето на мирис обично се истакнуваат како три клучни симптоми на болеста, податоците собрани од околу 1.600 корисници на апликацијата  “COVID Symptom Study” во Велика Британија и САД покажуваат дека луѓето можат да доживеат широк спектар на различни симптоми. Овие може да вклучуваат главоболки, болки во мускулите, замор, дијареја, збунетост, губење на апетит, скратен здив и многу повеќе.

Истражувачите исто така заклучиле дека во зависност од која од овие шест групи на симптоми припаѓа пациентот, зависи и брзината на лекување и закрепнување, како и од тоа колку ќе се влоши состојбата на пациентот.

Еве за кои „типови“ на Ковид-19 станува збор и кои симптоми ги придружуваат:

Слично на грип без температура – главоболка, губење на мирис, болка во мускулите, кашлица, болки во грлото, болка во градите, без температура.

Слично на грип со температура – главоболка, губење на мирис, кашлица, болки во грлото, засипнатост, треска, губење на апетит.

Гастроинтестинално – главоболка, губење на мирис, губење на апетит, дијареја, болки во грлото, болка во градите, без кашлица.

Потешка слика со замор – главоболка, губење на мирис, кашлица, треска, засипнатост, болка во градите, замор.

Потешка слика со конфузија – главоболка, губење на мирис, губење на апетит, кашлица, треска, засипнатост, болки во грлото, болка во градите, замор, конфузија, болка во мускулите.

Тешка слика со стомачни и респираторни проблеми – Главоболка, губење на мирис, губење на апетит, кашлица, треска, засипнатост, болки во грлото, болка во градите, замор, збунетост, болки во мускулите, скратен здив, диареја, болки во стомакот.

Можеби ќе ве интересира: