Реклама

Манчестер Јунајтед се враќа во најелитното друштво

c3d0994915cee2229495c0d6ab6dd1e3

Избраниците на Оле Гунар Солскјер ја добија завршната битка со Лестер со 2-0 и обезбедија место во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Јунајтед за триумфот против Лестер се изборија во второто полувреме и тоа со погодоците на Бруно Фернандеш од пенал и на Лингард.

Во Лигата на шампионите од островото ќе играат уште и Челси кој беше подобар од Вулверхемптон со 2-0, заедно со Ливерпул и Манчестер Сити.

Во Премиер лигата, покрај Норвич во следната сезона во Премиер лигата нема да ги гледаме Бурнмаут и Вотфорд.

Златната копачка ја освои Варди од Лестер со 23 гола, втор е Обамејанг од Арсенал колку што има и Ингс од Саутемптон.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами