Реклама

Лекарка од велешката болница порачува: Чувајте го сопственото здравје за да можете да ги заштитите другите!

Veleska bolnica 997x485

Дали сте се запрашале од како умираат толку луше, ако тврдите дека коронавирусот не постои, прашува доктор Ирена Трајкова од велешката болница. На својата фејсбук страница таа им се обрати на граѓаните, а посебно на оние кои го негираат постоењето на Ковид-19 дека не смеат да судат за нешто, за кое немаат познавање. Во продолжение, ви го премесуваме обраќањето на д-р Трајкова во целост:

Тврдите дека го нема Ковид 19 вирусот,дека не постои и дека сето ова е лага ?
Но дали сте се запрашале како умираат толку луѓето што се случува со нив како може толку брзо да се влоши општата состојба на еден пациент?
Дали сте се запрашале како ни е на нас здраствените работници кои се бориме за животот на пациенти кои заболеле од овој смртоносен вирус?
Сигурно не сте размислиле сериозно….
-Не, неможете ни да замислите како е чувството да се работите цел ден во скафандер со заштитни маски ,очила и визир на 40 Ц, и како е да носите пациент со амбулантско возило кои се бори за живот и покрај тоа што ние даваме се од себе за да го спасиме, како ни е кога ќе ја уклчиме сирената за да стигнеме побрзо и да му укажеме помош, како ни е нас кога пациентот моли за неговото живот и ние со солзи во очите гледаме во него….
Дали можете да замислите какво е тоа чуство ?
-Не, и подобро да не го знаете….

А уште потешко е кога после еден таков напорен ден треба да го заштитете сопственото здравје бидејќи дома ве чека вашето дете кое незнае низ што поминувате вие пред да дојдете кај него…
Тоа мало детенце со своите мали раширени раце чека да ве гушне без да знае низ што поминувате и со кој ризик се соочувате на вашето работно место.
Затоа чувајте го сопственото здравје за да можете да ги заштитите вашите деца и сите ваши најмили што ги сакате и што се во вашата близина.
Направете го тоа за нив!!!
-Носете маски редовно ,држете дистанца и мијте ги редовно вашите раце!
И никогаш не судете пред време за ништо во животот бидејќи незнаете низ се што поминува другиот додека вас се ви изгледа безсмислено.
И додека некој во нешто бил последен во некоја друга работа можеби ќе биде прв и ќе носи голем товар за кој ни самиот не очекувал дека ќе може да го издржи… Времето ќе си го покаже своето….❤

Можеби ќе ве интересира:

Реклами