Реклама

Четири велешки фирми меѓу злоупотребувачите на државната помош

UJP Skopje

Владата јавно го објави списокот на фирми кои добиле државна помош за исплата на плати, но истата не ја исплатиле на вработените. Се работи за неколку стотини работодавачи, меѓу кои има и четири фирми од Велес .

Управата за јавни приходи, претходно објави дека вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

Комплетната листа на фирми кои не ја исплатиле државната помош на вработените што ја објави Владата е достапна на следниот линк.

Mожеби ќе ве интересира:

Реклами