Реклама

Четворица велешани меѓу новозаразените со коронавирус

Infektivna klinika Skopje naslovna

Четворица велешани се позитивни на тестот за коронавирус, кој им бил направен во последното деноноќие. Тие се дел од новите 139 случаи на коронавирус региистрирани во последните 24 часа во земјава. Денеска е регистриран и најголем број оздравени, дури 534 пацинети, што претставува околу 12 проценти од вкупниот број на активни случаи. Во исто време, регистрирани се и шест смртни слуачи.

Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а најголем број позитивни тестови има во Скопје, Гостивар, Кичево, Тетово, Куманово и Штип. По градови, состојбата е следна:

  • Скопје 36
  • Куманово 11
  • Дебар 2
  • Штип 11
  • Прилеп 1
  • Тетово 14
  • Струга 8
  • Велес 4
  • Битола 2
  • Кавадарци 5
  • Гостивар 16
  • Струмица 1
  • Крушево 1
  • Кочани 1
  • Пробиштип 2
  • Македонски Брод 1
  • Виница 6
  • Свети Николе 1
  • Кичево 15
  • Ресен 1

Од 534 оздравени пациенти, најголемиот број се од Скопје, вкупни 353. Во Велес се регистрирани четворица оздравени. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од нив се лица од изминатиот период, пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје на 66, 67, 34, 67 и 86 годинишна возраст и пациент од Кочани на 76 годишна возраст. Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами