Реклама

Нови 166 случаи на коронавирус, 185 оздравени пациенти

Covid Macedonia 2

Нема нови позитивни случаи на ковид 19 во Велес, но на ниво на Македонија бројката е одново висока дури 166 нови случаи. Со тоа вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата ја надмина бројката 11 000.

-Скопје 47
-Куманово 17
-Дебар 1
-Штип 23
-Тетово 12
-Струга 7
-Битола 1
-Охрид 3
-Кавадарци 9
-Гостивар 15
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 10
-Виница 2
-Свети Николе 2
-Кичево 12
-Неготино 2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени, починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами