Реклама

Пронајдени 103 мигранти во товарно возило

Migranti Stip

Во полициска контрола кај Демир Капија биле пронајдени 103 мигранти.

Zito akcija 640x289px

Како што информират од МВР, вчера околу 8.50 часот полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски Споменик кај Демир Капија, сопреле автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишен скопјанец, а веднаш по него било запрено и товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.

Agria

Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија.

Возачот на товарното возило, 37-годишник од Липково, се дал во бегство, но набргу бил пронајден.

Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира: