Претседателот на државата утре на пладне на Зоран Заев ќе му го врачи мандатот за формирање влада.
„Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 август, мандатот за состав на Владара на Република Северна Македонија, ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот Пендаровски.
Пендаровски има сознанија за досегашниот тек на преговорите за формирање мнозинство кои сè уште не се финиширани со договор.
„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме“, која што има освоено најголем број на пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, се вели од кабинетото на Претседателот.
Можеби ќе ве интересира: