Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука, предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома.
Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.
За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи, додаде Филипче.
Можеби ќе ве интересира: