Реклама

Заев го доби мандатот од претседателот Пендаровски, има рок од 20 дена да состави влада

Foto-2-1

Зоран Заев од попладнево и формално е мандатар за состав на новата влада, откако го доби мандатот од шефот на државата Стево Пендаровски на церемонија во „Вилата Водно“. Кој ќе биде дел од владата и како ќе се обезбеди неопходно мнозинство од 61 пратеник во парламентот, се уште е неизвесно. Заев сега има рок од 20 дена да состави мнозинство, а преговорите со потенцијалниот, и досегашниот, партнер ДУИ продолжуваат и денеска.

Zito akcija 640x289px

Заев потенцираше дека го добива мандатот за составување на, како што рече, демократска, политичка, одговорна и европска влада, со институции кои уште повеќе и подобро ќе им служат на граѓаните.

Agria

„Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да составиме предлог за програма и за кадри кои демократското мнозинство во Собранието ќе ги изгласа и со тоа ќе довери полн, четиригодишен мандат на стабилна влада која е подготвена да сработи, да служи, која ќе се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободена од каква било етничка предрасуда, или било какви национализми. Влада која ќе го развива уште повеќе концептот едно општество за сите. Пред македонското собрание ќе испорачам предлог за влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, која е решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посвети на делот на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на парите кај секој функционер“, изјави Заев, веднаш по врачувањето на мандатот.

Заев додаде дека програмата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија, каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, вложувањето во младите и во рамномерниот регионален развој.

Можеби ќе ве интересира: