Реклама

Мицкоски најави дека ќе оди кај претседателот Пендаровски да му објасни зошто мандатот му го дал на Заев

mickoski34-2

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе оди кај претседателот Стево Пендаровски да му објасни зошто му го дал мандатот за составување влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. На прес-конференција веднаш по доделувањето на мандатот на Заев од претседателот Пендаровски, тој од пред седиштето на партијата, апелираше до Претседателот да го прими него и уште еден пратеник.

Zito akcija 640x289px

„Ќе се упатиме од овде, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон канцеларијата на претседателот, да видиме врз основа на кои докaзи Заев го убедил да го добие мандатот. Апелирам Пендаровски да нè прими мене и уште еден пратеник и да разговараме за доказите врз основа на кои пратеникот Заев го убедил дека поседува мнозинство во парламентот каде ќе се гласа новата Влада“, рече Мицкоски.

Agria

Тој обвини дека со ваквиот чин бил прекршен Уставот.

„Денеска бевме сведоци на очигледно кршење на Уставот, а од денес активен учесник во тоа е и Пендаровски. Тој без никаков доказ денеска му го даде мандатот на Заев без да има доказ за тоа. Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите“, кажа Мицкоски.

Поврзана вест: