Реклама

(ВИДЕО) Фернандо Силва: Натпреварот со Ренова за нас е финале

По одличниот старт на првенството и историската прва победа во гости над Вардар, фудбалерите на Борец се подготвуваат за следниот меч во недела, кога на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во 17 часот, гостува екипата на Ренова. Тимот од Џепчиште доаѓа во Велес по неочекуваното реми на домашен терен со Струга Трим Лум, па сигурно ќе се обиде да го поправи впечатокот токму против Борец. Сепак, во таброт на велешкиот прволигаш владее оптимизам. Сите во клубот се сигурни во добра игра и нови три бода, со што Борец ќе има старт од соништата.

Zito akcija 640x289px

Моторот на екипата на Борец, 29-годишниот Бразилец Фернандо Силва во Велес пристигна во јануари годинава и одлично се вклопи во тимот. Тој е еден од најзаслужните за победата против Вардар, со прекрасната асистенција до Радовиќ, при постигнувањето на единствениот гол. Фернандо Силва најдобро ја познава екипата на Ренова, бидејќи една сезона го носеше дресот на оваа екипа. Тој вели дека Ренова има добра екипа, но Борец е тој што се прашува, бидејќи игра на домашен терен и трите бода се императив. Играчот од средниот ред на велешкиот прволигаш се надева дека оваа сезона Борец има тим, кој ќе се бори за излез на европска сцена.

Agria

Погледнете ја изјавата на Фернандо Силва:

Можеби ќе ве интересира: