Реклама

Сообраќајка кај велешко Голозинци, меѓу повредените има и деца

Soobrakajka

Сообраќајна несреќа кај велешкото село Голозинци се случи попладневно, околу 18 часот, кога две возила директно се судриле. Во несреќата повредени се седуммина, меѓу кои и две деца.

Zito akcija 640x289px

Од велешката Итна медицинска помош за Батали.нет велат дека на терен се испратени две медицински екипи, кои пружиле помош на повредените. Првата екипа пресретнала возило кое транспортирало четворица од повредените, маж, жена и две деца и тие се префрлени во возилото на брза помош, кое ги донело до велешката болница.

Agria

Едно од децата има нагмечување на градниот кош, а другото има и отворена рана на главата. Со повеќе повреди, меѓу кои и отворена рана на главата е мајката на децата, а нејзиниот сопруг има контузии на граден кош и раме.

Повредените се префрлени во велешката болница, а поради природата на повредите, двете деца се префрлени на скопските клиники. Другите тројца патници се со полесни повреди.

Можеби ќе ве интересира: