Реклама

За учениците со попреченост ќе има образовни асистенти

w-40

Образовните и лични асистенти ќе продолжат да се ангажираат преку програмата за општинско корисна работа во соработка со УНДП, која успешно се реализира веќе неколку години, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

Zito akcija 640x289px

Родители на ученици со попреченост реагираат дека на 15 дена пред почетокот на учебната година, сѐ уште не е распишан оглас за избор на асистенти, независно од тоа дали ќе почне или не. Родителите коментираат дела до лани некои општини финансирани од УНДП обезбедуваа образовни/персонални асистенти, а некои ретки општини со свои средства покриваа дополнителен број на асистенти. Тие прашуваат зошто еднаш засекогаш не се реши ова прашање, без да се чекаат странски пари.

Agria

Овие реакции ги упативме во МОН, од каде ни одговорија: „Повеќе од 300 лични и образовни асистенти беа ангажирани во текот на минатата учебна година во насока на поквалитетен процес на едукација на учениците со попреченост, така што, очекуваме и оваа година потребите од овој аспект да бидат задоволени“.

Сѐ уште нема конечна одлука за тоа кога и како ќе почне учебната година. Министерот за образование и наука Арбер Адеми кажа дека ако нема функционално Собрание, може да дојде до одлагање на учебната година, иако сѐ уште нема одлука за тоа како ќе почне учебната година од 1 септември.

Според последните информации од Комисијата за заразни болести, на  претставници на МОН им било предложено учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава, односно да учат од дома.

Венко Филипче вели дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

Извод: SDK.MK

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10219/verizhen-sudar-kaj-semaforite-vo-veles/