(ВИДЕО) Прелчец: Три бода против Ренова – тоа ни е единствената цел во недела

Nikola Prelcec
Nikola Prelcec

По само една и тоа не целосна сезона, хрватскиот интернационалец во редовите на Борец, Никола Прелчец се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во мак-фудбалот. Преле, како што го викаат соиграчите речиси на секој натпревар беше закана за голманите, често сам ги решаваше натпреварите, па во 23 кола, постигна 9 голови и заедно со Алими од Шкендија го делеше второто место на листата на стрелците, веднаш зад Даниел Аврамовски од Вардар, кој постигна два гола повеќе.

Zito akcija 640x289px

На натпреварот против Вардар минатата недела, Прелчец не постигна гол, но имаше неколку зрели прилики за погодок. Затоа, со право, љубителите на фудбалот и посебно навивачите на Борец очекуваат да ја отвори сезоната со голови на градскиот стадион „Зоран Паунов“, токму на натпреварот во недела, против Ренова. Прелчец смета дека ако Борец ја прикаже играта и борбеноста како против Вардар, Ренова нема што да бара во Велес.

Agria

Во ексклузивното мини-интервју за Батали.нет, Прелчец зборува и за својот престој во Велес и за тоа дека почнал да го учи македонскиот јазик.

Погледнете го интервјуто со Никола Прелчец:

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10214/video-gorazad-mihajlov-od-prvata-minuta-agresivno-protiv-renova/

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: