Реклама

Венко Филипче: Наскоро ќе промовираме план за дополнителни рестрикции

venko-filipce

Здравствениот систем во нашата земја се подготвува за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, па нема да имаме такво сценарио, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

„Имаме план за дополнителни рестрикции согласно со некои мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик“, нагласува Филипче.

Agria

Филипче во интервју за мкд.мк вели дека во опција како една од мерките е и враќање на полицискиот час, затворање на училиштата и угостителските објекти и забрана за собири, додавајќи дека во планот на рестрикции битен е и регионалниот пристап.

До сега вкупната бројка на заразени од коронавирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991.

Можеби ќе ве интересира: