Реклама

Тешка сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

policija-noke

Tурист загина во сообраќајна несреќа во Охрид синоќа час и пол по полноќ на патот кон Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, додека го возел своето друштво во доцните вечерни часови.

Zito akcija 640x289px

Загина 27-годишен битолчанец кој управувал „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки. Лицето И.К. починало во болницата „Св.Еразмо“.

Agria

Загинатиот удрил во автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците на починатиот, М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, кои биле префрлени во скопската клиника, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. но засега не се знае идентитетот на четвртиот патник. Имало уште еден сопатник – девојка со иницијали Д.Р.(25) од Скопје, која немала тешки телесни повреди, но била префрлена во локалната болница.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10246/venko-filipche-naskoro-ke-promovirame-plan-za-dopolnitelni-restrikczii/