Борец не успеа да ги освои трите бода на натпреварот од второто коло на ПМФЛ против Ренова, иако водеше до 89 минута. Едно невнимание на домашната одбрана беше доволно гостите од Џепчиште да си заминат со еден бод од Велес.
Борец имаше повеќе од играта. По почетното одмерување на силите, по 15 минути игра домаќинот почна да напаѓа во контунуитет. Во тој период Прелчец имаше одлична шанса да го отвори резултатот, но не зафати едно одлично додавање во шеснаесетникот. Водството стигна неколку минути подоцна. Во 40 минута Радовиќ доби длабинска топка, забележа дека протвиничкиот голман е излезен и со одмерен лоб удар ја сметки топката во мрежата.
И на почетокот од второто полувреме Борец беше тој што го диктираше темпото. Се редеа шанси на Радовиќ и Прелчец, но напаѓачите на Борец го немаа завршниот удар. Сликата на теренот се смени во последните 20 минути од натпреварот. Ренова фрли се на една карта и го притисна домаќинот во својата половина. Гостите создадое и една чиста шанса, но не успеаја да го погодат празниот гол.
И кога сите помислија дека Борец ќе прокнижи нови три бода, едно невнимание на одбраната го чинеше домаќинот чиста победа. Една нафрлена топка од левата страна на петерецот на Борец ги прелета сите и се одби од Оливер Стојменовски, кој ја смести топката во сопствената мрежа.
Разочарувањето во редовите на Борец по натпреварот беше големо. Тренерот на велешани Горазд Михајлов жали што на ваков начин неговиот тим загуби два планирани бода, а играчот од одбраната Филип Ристовски вели дека неговиот тим примил несреќен гол, без создадена шанса.
Погледнете ги изјавите после мечот на Михајлов и Ристовски:
1:0 Радовиќ 40 минута:
1:1 Стојменовски (автогол) 89 минута:
Поради пандемијата на коронавирус, натпреварот се играше без публика. Сепак, најверните навивачи на Борец и дел од навивачката група „Гемиџии“ се снаоѓаа на разни начини во живо да го проследат натпреварот. Погледнете ја галеријата со фотографии од натпреварот:
Борец – Ренова 1:1 (1:0)
Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Без гледачи
Главен судија: Стојановски (Кичево) Помошници: Трпевски, Панов (Кавадарци)
Стрелци: Радовиќ 40‘ (Б) Стојменовски 89‘ (аг) (Р
Играч на натпреварот: Радовиќ (Б)
Борец: Мустафа, Ристовски, Стојменовски, Стојчевски, Коцев (Ристовски 76‘), Прелчец, Силва (Трајков64‘), Ефтимов, Ристески, Радовиќ (Ѓоргиев 83‘), Пеев (Пеев Л. 83‘)
Ренова: Велии, Гавазај, Садики (Велиу 79‘), Селмани (Садики 90‘), Гафури, Рамадани, Мишковски, Сефо (Шефити 46‘), Фетаи (Јашароски 83‘), Велија, Абдула
Можеби ќе ве интересира: