Велешани и денеска неконтролираното купувааат намирници. Маркетите се преполни со купувачи. Редици има на влезовите од маркетите, а во некои од нив се чека десетици минути за влез. Граѓаните не ги почитуваат апелите, кои вчера ги упати управата на КАМ Маркетите, преку кои ги молат купувачите за совесност и солидарност при купувањето.
Граѓаните почнаа со неконтролирано купување намирници, откако бројот на заболени од коронавирусот во Македонија порасна. Владиниот кризен штаб, кој беше формиран вчера, донесе нови мерки, меѓу кои и оние дека целосно се забранува работата на ресторанскиот дел на угостителските објеки, обложувалниците и коцкарниците и трговските центри, а дозволено е да работат само маркетите кои продаваат храна и аптеките.