Реклама

Почина 35-годишна велешанка со симптоми на коронавирус, се чека резултатот од тестот

Infektivno Veles 997x485

Почина 35-годишната жителка на село Бузалково која пред два дена беше примена на инфективното одделение во велешката болница и по само неколку часа, поради нагло влошување на нејзината здравствена состојба, итно беше префрлена на клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, јави порталот veles365.

Zito akcija 640x289px

Таа починала вчера, откако претходно имала симптоми на зараза со коронавирусот. Според информациите на порталот, жената немала хронични заболувања. Во меѓувреме, се чека резултатот од тестот, за да се утврди дали починатата била заразена со коронавирус.

Agria

Од велешката болница за Батали.нет потврдија дека жената е од село Бузалково и пред неколку дена била донесена во тешка состојба, со тежок облик на пнеумонија, па веднаш е транспортирана на Инфективната клиника во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10405/vo-soobrakajna-nesreka-sinoka-zaginaa-dvajcza-migranti/