Постигнат е договор за новата 4-годишна влада меѓу СДСМ и ДУИ

zaev-ahmeti-sredba
zaev-ahmeti-sredba

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска после лидерската средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети кажа дека ја договориле и ја усогласиле рамката на новата коалициона влада. Постигнат е, како што кажа Заев, коалицициски договор за формирање на мнозинство со полн мандат кој во наредните 4 години ќе работи за интересите на граѓаните.

Zito akcija 640x289px

„Јас ја добив честа да бидам претседател на владата во полн 4-годишен мандат. Покажав доблест, како градење на доверба сите на 100 дена пред пред избори да бидат рамноправни, коалиционите партнери на предлог на ДУИ ќе го постават премиерот кој 100 дена ќе ја води владата“, рече Заев.

Agria

Тој кажа дека новата Влада ќе ја укине Пржинската влада, а сите рамковни вработувања ќе се прераспределат на работни места и за 6 месеци ќе тргат на работа.

„Ги договоривме денеска принципите на кои ќе се темели новата влада. Во неа ќе бидат назначени квалитетни, одговорни и отчетни кадри. Нема да има министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места. Се договоривме да се зголеми отчетноста и танспаретноста и да се намалат привилегиите на министрите и директорите“, рече Заев.

Лидерот на ДУИ, Ахмети рече дека му честита на Заев за храбрата одлука 100 дена пред влада да има премиер Албанец.

Засега не е познато како ќе бидат распределини министерските места.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: