Тепачка пред велешка банка, клиент нападнал обезбедување

Veles naslovna 997-485
Veles naslovna 997-485

Огромните метежи пред велешките банки вчера доведоа до тепачка пред една од нив. 53-годишен велешанец нападнал член на обезбедувањето на банката, откако претходно бил предупреден за непочитување на протоколите за заштита од коронавирус. Вработениот од обезбедувањето инцидентот го пријавил во полиција вчера во 12:40 часот.

Zito akcija 640x289px

„На 17.08.2020 во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот“, соопшти полицијата.

Agria

Напаѓачот бил приведен во полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: