Реклама

Гувернерката на Народна банка примила заканувачки пораки на Фејсбук, испраќачот е фатен

Гувернерката на Народната банка, Анета Ангеловска-Бежоска примила заканувачки пораки на Фејсбук од непознато лице и случајот го пријавила во полиција, објави порталот А1он.

Zito akcija 640x289px

Пораките биле поврзани со пропаѓањето на Еуростандард банката, а содржеле и закани по нејзиниот живот.

Agria

Случајот го презела Единицата за насилен криминал и во текот на денот, испраќачот бил пронајден, со него бил извршен разговор во полициска станица и против него ќе има соодветен поднесок.

„На 17.08.2020 А.А.Б. од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели“, стои во полицискиот билтен.

Бежоска пред неколку дена соопшти дека Народната банка ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка – Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10473/ushte-deneska-promenlivo-od-utre-povtorno-poveke-soncze/