Реклама

Љупчо Николовски за одбрана, Спасовски се враќа во МВР, Шекеринска оди во образование?

Ljupco Nikolovski

Венко Филипче останува министер за здравство, Оливер Спасовски се враќа на чело на Министерството за внатрешни работи, нов министер за одбрана ќе биде Љупчо Николовски, за образование најверојатно Радмила Шекеринска, Мила Царовска се враќа во труд и социјала, а и ресорот правда ќе биде во рацете на СДСМ по распределбата на владиниот колач во коалицијата СДСМ-ДУИ-ДПА што беше објавена вчера, објави Плусинфо, повикувајќи се на „шпекулации во кулоарите“.

Zito akcija 640x289px

Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не е кадар од СДСМ, ќе биде вице премиер за евроинтеграции.

Agria

Порталот потсетува на вчерашната објава, во која напиша дека ДУИ ги доби ресорите за финансии, за надворешни работи, за економија, за животна средина, за информатичко општество и администрација, како и вицепремиер за политички систем.

Како нов министер за финансии се спомнува името на Фатмир Бесими, поранешен министер за одбрана и екс вицегувернер.

Талат Џафери останува претседател на Собранието. За прв пат се воведува функцијата прв заменик премиер кој ќе биде од редовите на ДУИ.

Министерството за земјоделие ќе го раководи кадар на БЕСА.

Денеска се очекува на Централен одбор на СДСМ и на Централен совет на ДУИ да се потврдат новите кадровски решенија што ги договориле лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.

Извор: plusinfo.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10489/izbezumen-skopjanecz-so-denovi-pred-eurostandard-imal-zashteda-od-7-milioni-evra/