Финска забрани летови од Скопје до 29 август

https://batali.net/9947/kavadarchanecz-zavrshi-vo-drzhaven-karantin-ne-go-pochituval-reshenieto-za-samoizolaczija/
https://batali.net/9947/kavadarchanecz-zavrshi-vo-drzhaven-karantin-ne-go-pochituval-reshenieto-za-samoizolaczija/

Финска ги суспендира летовите од Македонија до 29 август, откако уште 17 патници заразени со коронавирус пристигнале во Турку со лет од Скопје  во вторникот. Како што истакнаа финските власти, тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот, и сите се ставени во карантин, пренесе „Хелсинки тајмс“.

Zito akcija 640x289px

Одлуката е донесена од Агенцијата за транспорт и врски Трафиком, врз основа на анализата на Националниот институт за здравство, како што соопшти финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака.

Agria

Суспензијата на летовите уследи откако беа регистрирани вкупно 60 случаи на коронавирус на последните четири лета од Скопје до Турку. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, на вториот на 11 август пет, а на 18 август уште 12. Летовите на авиолинијата Скопје – Турку се реализираат двапати неделно.

Најголем дел од патниците во четирите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска. Сепак, финските власти ја ставија Македонија на листата на високорзични земји.

Комисијата за заразни болести вчера предложи ПЦР тест за граѓаните од Косово кои транзитираат низ Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: