(ФОТО) Шприцеви, гази со крв, фрлени маски и ракавици пред влезот на просторијата за брисеви во Велес

Image may contain: outdoor

Расфрлани шприцеви, маски и ракавици, гази со крв и отпад, вака утрово изгледаше просторот пред канцеларијата во која Центарот за јавно здравје Велес зема брисеви за коронавирус. Оваа просторија се наоѓа во зградата на поранешното училиште „Ј. Х. К. Џинот“.

Zito akcija 640x289px

Граѓани кои утрово го посетиле местото за тестирање од Ковид-19 и кои затекнале грда слика, реагираа на социјалните мрежи. Тие велат дека повеќе од 20 луѓе на кои денеска им се земени брисови, немале каде да фрлат отпад, бидејќи околу просторијата немало канти за отпадоци. Тие апелираат до Министерството за здравство, Општина Велес и до ЈКП Дервен да обрнат повеќе внимание на хигиената околу овој простор.

Agria

За сличен проблем граѓани реагираа и пред месец и половина, кога поради изборите, местото за земање брисеви беше преместено неколку стотини метри подолу од сегашното, во зградата на поренешниот пензионерски дом, на кејот на Вардар. И таму имаше расфрлано ѓубре, маски и ракавици, најчесто од пациенти на кои им се земаа брисеви.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: