Реклама

Велешанка со потешка форма на Ковид-19 е на кислородна поддршка во велешката болница

Infektivno Veles 997x485

Велешанка на 35-годишна возраст е со потешка форма на пнеумонија предизвикана од Ковид-19. Таа е сместена на инфективното одделени на велешката болница и добива кислородна поддршка.

Zito akcija 640x289px

Според д-р Весна Николовска Неделкова жената има тежок облик на воспаление на белите дробови, но нејзината состојба е стабилна, а сатурацијата и е во рамките на нормалата, па затоа нема потреба од нејзино транспортирање на скопските клиники.

Agria

Инаку, жената е хоспитализирана пред два дена, заедно со момче на 23 години. Според податоците од нивната епидемиолошка анкета, жената заболела од член на семејството, а момчето вирусот го добил на летување.

На Инфективното одделение во велешка болница има 17 лежечки пациенти. Вкупниот број на заразени со коронавирус во велешко изнесува 249, евидентирани се 208 оздравени, а 14 пациенти ја загубија битката со болеста.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10596/za-napladne-najaveno-prodolzhenie-na-konstitutivnata-sednicza-na-sobranieto-no-nema-oficzijalna-potvrda/