Лекарите не пронајдоа никаква трага од отров во телото на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, која е во кома во болница. Затоа лекарите не мислат дека тој бил отруен, изјави денеска пред новинарите, Анатолиј Калиниченко, заменик главен лекар на Итната болница во Омск.
Не се пронајдени отрови или траги од отров во неговото тело. Претпоставувам дека дијагнозата „труење“ сè уште е во нашите умови. Но, ние не мислиме дека пациентот е отруен, рече Калиниченко, пренесува ТАСС.
Од друга страна, состојбата на Навални, кој падна во кома, е подобрена, но и понатаму не е доволно стабилна. Советот на лекари дошол до заклучок дека сè уште не е можно да го изнесат од болницата во Омск за да биде префрлен во Германија на лекување, изјави главниот лекар на ургентната болница (БСМП-1), каде се наоѓа Навални, Александар Мураховски.
Состојбата се подобри некаде во текот на ноќта, но сè уште не можеме да постигнеме јасна стабилност. Според советот, прашањето за транспорт на пациентот е сè уште прерано. Неопходно е да се постигне целосна стабилизација на пациентот, рече Мураховски, пренесува Тасс.
Според главниот лекар, истражувањето кое е потребно за да се утврди дијагнозата на Навални ќе трае уште два дена.
На 20 август, портпаролката на Навални, Кира Јармиш изјави дека авионот во кој се наоѓал рускиот опозиционер направил итно слетување во Омск, откако тој одеднаш почувствувал болка среде летот.
Извор: republika.mk
Можеби ќе ве интересира: