Двајца велешани на 70 и 59 годишшна возраст се приведени во полиција, откако завчеравечер, половина час пред полноќ го нарушиле јавниот ред и мир. Во двор на семејна куќа викале, непристојно се однесувале и фрлале предмети, соопшто полицијата.
„На 19.08.2020 околу 23.30 часот во СВР Велес биле приведени Л.Д.(70) и Н.Д.(59) поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир во двор на семејна куќа, со викање, непристојно однесување и фрлање на предмети“, рече Димитар Каракулев од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: