Реклама

Судењето за настаните од „27 април“ продолжува на 26 август

Novo-rochishte-za-organizatorite-na-nasilstvata-od-27-april-10

Судењето за настаните за крвавиот четврток од 27 април ќе продолжи на 26 август, откако на денешното рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази. За следното рочиште кое ке е закажано за 26 август треба да почне сослушувањето на околу 50 сведоци кои ги предложила одбраната на еден од обвинетите, поранешниот претседател на собранието Трајко Вељаноски, меѓу кои се и голем број поранешни пратеници.

Zito akcija 640x289px

Обвинети во овој предмет се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Agria

Судот на денешното рочиште го прифати барањето на одбраната за сослушување на Маријан Стоилковски – началник на дигитална форензика во МВР за време на изготвување на вештачењата на мобилните телефони, но не го прифати барањето за нивно издвојување од листата на докази. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10648/avtomobil-udri-peshak-kaj-veleshkiot-sud/