
Со 62 гласа „за“, 43 гласа „против“ и без воздржани, пратеникот Талат Џафери е повторно избран за претседател на Собранието.
Веднаш по гласањето, додека пратениците од коалицијата ДУИ-СДСМ гласно ракоплескаа, нивните колеги од опозицијата како договорени ја напуштија просторијата.
Талат Џафери кој го водеше законодавниот дом и во изминатите три години, останува како собраниски спикер.
Со тоа заврши конститувната седница за избор на Собранието, а гласањето се одржа после исцрпување на пријавените пратеници за збор.
Можеби ќе ве интересира: