СЗО: Пандемијата со ковид ќе трае околу две години

szo

Светската здравствена организација се надева дека кризавата со Ковид-19 ќе помина за помалку од две години, изјави денеска генералниот дирекор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.

Zito akcija 640x289px

Тој додаде дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година траше две години.

Agria

„Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо“, посочи Гебреисус.

Во светот со новиот коронавирус инфицирани се 22.986.700 лица, од кои 799.294 починале, а оздравеле 15.614.808 луѓе.

Светската здравствена организација соопшти дека човештвото не е ни приближно да постигне ниво на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на имунитет на стадо, каде што доволен дел од населението би имал антитела да ја запре епидемијата.

Имунитетот на стадо обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Некои експерти,сепак, сугерираат дека ќе се даде заштитен ефект дури и ако барем половина од населението има имунитет.

Повеќето спроведени истражувања досега покажаа дека само 10 до 20 проценти од луѓето имаат стекнато антитела.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: