Реклама

„Тепаниот“ Охриѓанец сега вели дека не бил тепан – му се причинило дека бил удрен со пиштол

Откако претходно обвини дека бил нападнат од советникот советникот Нефи Усеини и неговиот брат и  дека му се заканувале со пиштол, Охриѓанецот Спирко Топалоски ја смени изјавата.

Zito akcija 640x289px

Браќата Усеини од Судот добија мерка притвор од 8 дена, полицијата ги бара, а Топаловски преку својот адвокат раскажа поинаков тек на инцидентот и ги демантира, според него „исконструираните“ пишувања во медиумите:

Agria

„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве  излегоја во јавноста, надвор од контекст  и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство, се направи филм.  Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се.

Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, се вели во денешната изјава која до медиумите Топалоски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10586/nefi-useini-i-negoviot-brat-vo-begstvo-policzijata-traga-po-niv/