Двајца оздравени и ниту еден новозаразен велешанец со коронавирус се регистрирани во најновиот извештај на Министерството за здравство. Оттаму соопштија дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 40 оздравени пациенти, а четворица ја загубија битката со болеста.
И денеска Скопје има најмногу новозаразени, вкупно 28, но во другите градови бројот на новоинфицирани е едноцифрен. По Скопје, најмногу нови случаи има во Прилеп и Гостивар по осум, во Куманово има пет, во Дебар, Тетово и Берово по четири, Во Делчево и Кичево по три, по два случаи има во Кавадарци, Неготино и Кочани и по еден е регистриран во Битола, Охрид, Радовиш, и Пробиштип.
Починаа четири пациенти, двајца од Гостивар на 71 и 82 годишна возраст и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 годишна возраст, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.
Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.
Можеби ќе ве интересира: