(ВИДЕО) Траект спаси тригодишно девојче кое морската струја го одвлекло кон отворено море во Грција

spasuvanje grcija

Тригодишно дете денеска е спасено, откако капејќи се со гума кај грчката плажа на Антирио, морските струи го одвлекле далеку од брегот. Вистинска среќа е што траектот „Саламиномахос“, кој поминувал во близина веднаш се впуштил во спасувачка мисија.

Zito akcija 640x289px

Капетанот на фериботот, Григорис Карнезис утрово добил сигнал од пристаништето дека девојче во својата гума за капење плови неконтролирано кон отворено море. Тој го насочил пловилото кон девојчето и спасувачите од траектот успеале тригодишното девојче да го извадат од морето. Според нив, детето е во добра здравствена состојба.

Agria

Во изјава за медиумите капетанот Карнезес рекол дека во последните 20 дена во овој дел имало голем број случаи на спасување луѓе, кои ги игнорираат силните морски струи што преовладуваат во теснецот во Рио -Антириу.

Настанот се случил близу грчкиот град Патрас, во близина на мостот кој го дели заливот Патрас со Коринтскиот залив, на југот на Грција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: