Реклама

Тешка сообраќајна несреќа, едно лице загина

Policiska-lenta

Едно лице загина, а четири други се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи кај селото Страцин во Општина Кратово.

Zito akcija 640x289px

Од секторот за внатрешни работи – Куманово, како и од портпаролот Живкица Чавдаревиќ, несреќата се случила попладнето, околу 15:50 часот кај селото Страцин, клучката кај местото „Чатал”, спој на регионалниот пат од Општина Кратово со магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка.

Agria

Портпаролот посочи дека во незгодата дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила, голф со регистарски ознаки од Македонска Каменица и патничко моторно возило марка БМВ, со тетовски регистарски таблички.

„За жал, сообраќајната незгода заврши фатално за еден од патниците во возилата кои учествувале во незгодата, а четири лица се здобиле со телесни повреди и пружена им е потребната медицинска помош. МВР работи на утврдување на причините за несреќата“, рече Чавдаревиќ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10825/nastavnichka-od-veleshkoto-uchilishte-vasil-glavinov-pozitivna-na-koronavirus/