Реклама

Тешка сообраќајна несреќа кај Башино Село

Soobrakajka

Скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа вчера доцна попладне на автопатот Скопје – Велес, на исклучокот кај Башино Село.

Zito akcija 640x289px

Несреќата се случила околу 18:10 часот, кога возило со скопски регистарски таблици управувано од Е.Ј. на возраст од 50 години излетал од патот и удрил во металната заштитна еластична ограда, а потоа и во метална канделабра за осветлување.

Agria

Од ударот, возилото е речиси уништено, а возачот се здобил со повреди, констатирани од лекарски тим на Итната медицинска помош во Велес, која го пренела во велешката болница.

„Кога нашата екипа пристигна на местото на несреќата, затекнавме колешка, лекарка од Прилеп, која патувала по овој пат и случајно се нашла на местото на несреќата. Таа веќе го прегледала повредениот, а и таа и ние констатиравме повреди на главата и повреда на десна потколеница, која изгледаше како скршеница. Возачот беше свесен, контактибилен и без знаци за потрес на мозокот. Откако го имобилизиравме, го транспортиравме во велешката болница“, рече д-р Јадранка Мишкова од Итната медицинска помош.

Откако во болницата во Велес му е пружена помош, поради сериозноста на повредите, возачот е транспортиран на скопските клиники.

Увид на местото на несреќата изврши полицијата, откако јавен обвинител издаде овластување за тоа, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10825/nastavnichka-od-veleshkoto-uchilishte-vasil-glavinov-pozitivna-na-koronavirus/