Владиката Агатангел повикува на протест пред седиштето на ЕУ во Скопје

Agatangel
Agatangel

Повик за семакедонски собир пред канцеларијата на Европската Унија во Скопје и поворка до Собранието против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство, испрати владиката Агатангел.

Zito akcija 640x289px

Владиката го повикува секој добронамерен Македонец да дојде и да го искаже своето незадоволство кон неговото понижување, незадоволство, кон неговото омаловажување, немир во срцето и во душата за да му се покаже на светот дека Македонците не се ниту против НАТО, ниту против влегувањето во европската заедница, но сето тоа да биде со крената глава и достоинствено.

Agria

„ДA“ за македонската евроинтеграција, но не со сменето име и непризнати јазик, црква и сменета историја. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата, вели владиката, дополнувајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста.

Организатори на собирот се група разочарани луѓе, кои побарале поддршка од него како црковно лице. Очекува да бидат испочитувани сите превентивни мерки за заштита од Ковид 19 на протестот, кој од канцеларијата на ЕУ ќе се пресели пред Собранието.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: