Реклама

Учениците наставата ќе ја почнуваат во различно време

maxresdefault

Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител информира дека наставата со физичко присуство што ќе ја следат само учениците од прво до трето одделение ќе почнува во различно време, односно ќе има временска дистанца од десет минути за да нема мешање меѓу учениците и да се намали ризикот од какво било пренесување на вирусот.

Zito akcija 640x289px

„Има многу барања и размислувања и многу дилеми, пратиме и гледаме многу искуства од многу земји во светот, но ние одлучивме и тоа само така може да биде, приоритет ќе биде заштита на здравјето на граѓаните. Препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите и овие три одделенија кои ќе почнат, односно прво, второ и трето одделение да почнуваат во различно време со временска дистанца од 10 минути за да не се среќаваат на влезот, ниту пак на крајот на часовите. Сакаме да ги избегнеме оние лоши сценарија кои ги видовме во земјите кои ги отворија целосно училиштата“, рече Министерот за здравство Венко Филипче.

Agria

Филипче посочи дека многу анализи покажале дека децата се со најлесна клиничка слика и најмалку процентуално, односно децата до девет години се под четири проценти.  

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10882/ke-bidat-li-odlozheni-povtorno-ratite-za-kredite/