Центарот за цивилна заштита на Хрватска објави дека денес се регистрирани 318 нови случаи позитивни на коронавирус, што е рекорд. Министерот за здравство Вили Берош изјави дека во Далмација се појавиле нови жаришта. Тој исто така напомена дека се подготвуваат нови мерки.
Најголем број на нови случаи е забележан во округот Сплит-Далмација дури 138, што е рекорд во тој округ. Загреб следи со 67 нови случаи.
Можеби ќе ве интересира: