Реклама

13 велешани оздравеа од ковид-19 во последното деноноќие

Infektivno Veles 997x485

13 велешани се регистрирани како оздравени од ковид-19 во последните 24 часа. Со тоа, бројката на активни случаи сега се намали на 25. Во истиот период само еден случај на новозаразен е регистриран во Велес.

Zito akcija 640x289px

Министерстовто за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 119 нови случаи на ковид-19, откако се направени 2065 тестирања. Регистрирани се и пет починати пациенти.

Agria

Најмногу новоинфицирани има во Скопје – 53 и во Прилеп – 13. Во останатите градови се регистрирани едноцифрен број на заразени. Во Куманово има девет, во Гостивар и Делчево по шест, во Берово пет, во Тетово и Штип по четири, по три нови случаи има во Кочани, Свети Николе и Кичево, во Струга и Пехчево по едва и по еден случај е регистриран во Велес, Битола, Охрид, Крива Паланка, Радовиш и Неготино.

Починати се петмина, двајца пациенти од Скопје на 49 и 50 годишна возраст, пациентка од Тетово на 46 годишна возраст, 63-годишенпациент од Куманово и еден пациент од Прилеп на 82 годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и рекордни 297 оздравени.

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914, бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10919/brakata-useini-sami-se-prijavile-za-izdrzhuvane-na-merkata-pritvor/