Велешките училишта подготвени ќе ја дочекаат новата учебна година

podgotovki-za-pochetokot-na-uchebnata-2020-2021-godina-2

Велешките училишта се генерално подготвени за почетокот на новата школска година, кој е одложен за 1 октомври. Ова е став на директорите на велешките образовни институции, по состанокот кој го имаа со градоначаликот на Велес Аце Коцевски и стручните служби од општината, надлежни за образованието.

Zito akcija 640x289px

Наставниците се обучуваат за онлајн настава, одбрани се образовни платформи преку кои тие ќе работат со учениците, се преземаат најстроги мерки со кои најдобро ќе се заштити здравјето на учениците, но секако и на вработените во основните и средните училишта.

Agria

На состанокот се разговараше и за протоколите и тимовите кои работат на организација, реализација и начинот на изведување на наставата во престојната учебна година.

Локалната власт заедно со образовните институции дадоа и свои предлози кои ќе се достават до Министерството за образование и наука, кое понатаму треба да се произнесе за идни чекори за заштита на учениците и наставниците, а во исто време и запазување на квалитетот на наставата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10977/dozhivoten-zatvor-za-teroristot-od-krajstchrch-prva-vakva-kazna-na-nov-zeland-sudijata-mu-gi-upatil-ovie-zborovi-na-ubieczot/