Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и играч на француската репрезентација, Пол Погба, е позитивен на коронавирус. Веста ја потврди селекторот на Франција, Дидиер Дешамп.
Погба е на списокот на Дешамп за претстојните натпревари на репрезентацијата во Лигата на нации, но поради оваа состојба тој ќе биде заменет со Едуардо Камавуа.
Франција гостува во Шведска за првиот натпревар од Лигата на нации, кој е закажан за 5 септември.
Погба реши да помине краток одмор меѓу двете сезони во Англија, а сега го очекува 14 дена самоизолација, што значи дека ќе го пропушти собирот и почетокот на подготовките со Манчестер Јунајтед.
Можеби ќе ве интересира: