Реклама

Советникот Усеини понудил 10.000 евра за да излезе од притвор

Nefi Useeini

Охридскиот советник Нефи Усеини понудил пари како гаранција за да излезе од затворскиот притвор во кој замина сам по 6-дневна недостапност на полицијата.

Zito akcija 640x289px

Адвокатот на осомничените браќа Усеини за Телма потврди дека е понудена гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор или друга поблага мерка.

Agria

Двајцата понудиле по 10 илјади евра во кеш како судска гаранција, односно вкупната готовина подготвена за таа цел е 20 илјади евра.

Во охридскиот суд не соопштија детали дали и кога ќе одлучат, а претседателот на судот Васил Баткоски ни рече дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Според информациите на Телма, обвинителството веќе се изјаснило негативно за барањето за укинување на притворот и бара браќата Усеини да останат во притвор.

Нефи Усеини и неговиот брат се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски. Обвинителството води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата со неговиот пријател се надминати.

Топаловски, до овој момент дал само еден исказ по нападот во обвинителството, а во истрагата се најдени снимки од безбедносни камери на кои се гледа како Топалоски е нападнат и удиран со пиштол по глава.

Откако беше соопштено дека напаѓач е Нефи Усеини, советник на ДУИ бво општина Охрид, обвинителството не успеа да го најде заедно со полицијата, а минатиот четврток му беше определен 8-дневен притвор, па по шест дена сами се пријавија во полиција.

Усеини е сопственик на повеќе објекти во Охрид кои се дивоградби, но се уште не се чепнати. Се водат и други постапки против него и за дивоградби, но и за физички напад.

Извор: telma

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10992/trojcza-povredeni-vo-soobrakajka-na-patot-veles-izvor/