Реклама

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието

Собрание-2020-2024

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, оти, како што вели, тоа е непотребен трошок за граѓаните.

Zito akcija 640x289px

„Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави, истакна Јанушев, додавајќи дека во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче“, вели Јанушев.

Agria

Ова доаѓа откако Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција пред Собранието рече дека и тие нема да предложат кандидат, само доколку и ВМРО-ДПМНЕ се откаже од потпретседател.

„Нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник за потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ и тогаш ќе имаме три потпретседатели“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11028/sovetnikot-useini-ponudil-10-000-evra-za-da-izleze-od-pritvor/