Голем број на новинари уапси полицијата во Белорусија

protesti-belorusija-scaled
protesti-belorusija-scaled

Дваесет новинари се уапсени во текот на денешниот ден додека се подготвувале да ги следат протестите во центарот на Минск. Од засега непознати причини полицијата им ги одзела нивните документи и телефони, а причината за нивното апсење се уште не е познато.

Zito akcija 640x289px

Бројот на демонстранти низ улиците на Белорусија секојдневно се зголемува, а Лукашенко испраќа заканувачки изјави и се појавува во јавноста со воена опрема, придружен со зголемена репресија на незадоволните граѓани. Безбедносните сили уапсија или претепаа илјадници демонстранти.

Agria

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска за руската новинска агенција Интерфакс изјави дека формирал резервни полициски сили кои би можеле да дојдат на помош на Лукашенко, доколку немирите во Белорусија излезат од контрола, но во моментов тој не ја гледа потребата од тоа и верува дека ситуацијата се враќа во нормала.

Според официјалните податоци, Лукашенко на претседателските избори освои 80 проценти од гласовите, додека неговиот главен проти кандидат Светлана Тихановскаја, освои 10% од гласовивите

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: